За кого е Т.Е.А.?

Т.Е.А. е соодветен за професионални, приватни или пилоти-студенти (авион или хеликоптер), професионалци или контролори-студенти, персонал за известување за летови и радио-оператори.
Ваша одговорност е да проверите дали органот кој ја издава вашата лиценца прифаќа Т.Е.А. сертификат од Т.Е.А.-центарот каде што сте полагале.

Што се случува на денот на тестирањето?

Треба да пристигнете во ТЕА-центарот најмалку триесет минути пред вашиот тест за да може Администраторот да ги провери вашите податоци и да ве фотографира (фотографијата ќе биде на вашиот сертификат).

Не е потребно да донесете фотографија. Со вас треба да понесете пасош или национална лична карта со кои сте се регистрирале – нема да ви биде дозволено да полагате без тој документ.

Не е потребно ништо друго да носите со вас. Уреди со опција за снимање мора да бидат оставени надвор од просторијата за тестирање.

Тестот ќе биде снимен за цели на безбедност и квалитет. Доколку не сте задоволни за кој било аспект од постапките за денот на тестирање, морате да се обратите до Администраторот на денот на тестирање.

Резултатите од вашето тестирање нема да бидат достапни на денот на тестирање, ве молиме не прашувајте.
Испитувачот нема да ви даде никаква индикација за тоа како сте поминале на тестот.

Вашите прашања може да ги испратите на tea-test@adverbum.com.mk