Дополнителни услуги

Нашата пракса покажува дека сите наши клиенти имаат свои потреби и желби, поради тоа ние, исто така, нудиме и дополнителни услуги за да им го обезбедиме токму тоа што им треба на нашите клиенти.

ЛЕКТУРА

Како дел од нашите постапки за утврдување на квалитет, сите нашите писмени преводи, без разлика колку се мали или колку се рутински, се лекторираат и се форматираат пред да се достават до нашите клиенти. Оваа услуга е достапна за секого, без разлика дали преводот е извршен од наша страна или не.

Нашите доверливи и искусни лектори ги прегледуваат документите, користејќи ја функцијата „track changes“ во рамки на програмата Microsoft Word. Оваа функција Ви овозможува да ги видите сите направени промени, како и да ги прифатите сите или само некои од измените, предложени од страна на лекторот. Корекциите, предлозите и коментарите се, исто така, прикажани и вклучени во документот.

Процесот на лекторирањето, сам по себе, подразбира поправка на печатни и граматички грешки, доследност на стилот, уредување на текстот и точност на термините – со постојано упатување на оригиналниот документ. Резултатот е професионален превод којшто е подготвен
за печатење и за официјална употреба.

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И УРЕДУВАЊЕ НА ТЕКСТ

Дали имате промотивни материјали во графички формат? Дали Ви е потребен повеќејазичен текст со сложена структура? Доставете ни ги Вашите барања и потреби, и ние ќе се погрижиме за сè! Работиме со професионалци кои се грижат за изгледот и за дизајнот на сите видови производи како што се книги, списанија, дигитални публикации, рекламни материјали, брошури, дизајн на лого, итн. Крајниот производ можеме да го доставиме во кој било потребен формат, за Вие да можете да го отпечатите или да го објавите на Интернет, или, пак, можеме да Ви го доставиме мaтеријалот отпечатен според Вашите барања.

Нашиот тим е задолжен за подготовка на материјалот за печатење, во тоа спаѓаат сите процеси што му претходат на печатењето, а нивното знаење им овозможува да го прилагодат своето работење на карактеристиките на крајниот медиум.

Нашите дизајнери работат со Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, QuarkXpress, Corel Draw.

 

ТРАНСКРИПЦИЈА

Транскрипција подразбира создавање запис на кажаниот збор.

Како резултат на нашето долгогодишно искуство и работа со разни компании и организации, ги разбираме, и ги цениме потребите на нашите клиенти, затоа вложуваме големи напори во создавањето на идеални решенија за нивните проекти за транскрипција, и нудиме реални и очигледни предности што ја истакнуваат нивната дејност.

Нашите вработени се докажани професионалци, избрани поради нивните јазични вештини и нивната стручност во специјализираните области. Работат со сите видови дигитални формати (mp3, wav, avi, mpeg, итн.) и специјализирани сме во транскрипција на деловни состаноци, конференции, работилници, интервјуа, академски предавања и судски рочишта.

Форматот на доставениот запис го правиме согласно со потребите и барањата на клиентите.

ТИТЛУВАЊЕ

Титлот претставува пишана текст на дијалогот на еден филм или друга форма на аудиовизуелен материјал, најчесто прикажан на дното од екранот. Благодарение на нашиот искусен, повеќејазичен тим за изработка на титлови, како и на модерната технологија за титлување, во состојба сме да изработиме од петминутен медиумски документ до долгометражен филм со врвен квалитет.

Нашите експерти многу лесно можат да преведат аудио и видеоматеријали, вклучувајќи играни филмови, документарни филмови, интервјуа, извештаи, конференции и презентации, секако, имајќи го предвид квалитетот на звукот. Титловите можеме да ги изработиме и доставиме во оној формат, кој ќе одговара на потребите на клиентот.

Титлувањето не е само превод на зборовите на друг јазик – добар титл ја зема суштината на една реченица и ја филтрира во нешто лесно разбирливо, притоа зачувувајќи го културолошкото чувство на оригиналниот дијалог. Инаку, гледачите би се изгубиле во преводот.

Многу гледачи, често, се зажалат дека недостасуваат делови во титловите. Сепак, не е возможно да го преведете секој збор, бидејќи сте ограничени од одреден простор на екранот, како и од фактот дека гледачот треба и да чита и да гледа истовремено.

Работата на лицето кое врши титлување е да го скрати и прилагоди тоа што е кажано. Тој мора да одлучи кои делови од дијалогот се важни, а кои може да се изостават. Доколку сè изгледа важно, тогаш креативниот и предизвикувачки дел е да се одреди како сè ќе собере во една реченица.