Што е Т.Е.А тест

  • Тест за основен англиски јазик во контекст на воздухопловство за цели на лиценцирање – не е тест за воздухопловна фразеологија.
  • Тест за способност за комуницирање на англиски јазик – не е тест за оперативно знаење
  • Лице-в-лице, тест со човечка интеракција со 1 испитувач кој поставува прашања за детални одговори
  • Тест од 25-30 минути кој се состои од 3 дела:

Подолу ќе ги разгледаме подетално секој од деловите.

Т.Е.А. НЕ Е ТЕСТ ЗА ОПЕРАТИВНО ЗНАЕЊЕ

Т.Е.А. испитувачите се запознаени со воздухопловство и понекогаш се пилоти или контролори. Сепак, нема да се добијат дополнителни поени доколку се зборува за точни оперативни постапки. Подеднакво, ништо не се губи доколку се знае одредена област од операциите.

Т.Е.А. тестира основен англиски јазик, не фразеологија – стандардите за јазици според ICAO се воведени за да се подобри комуникацијата кога фразеологијата е недоволна.


Следните информации се дадени на кандидатите за секој дел:

  • Прв дел Вовед и интервју поврзано со искуство (7 – 8 минути)

Ќе ви бидат поставени низа прашања поврзани со вашата улога во воздухопловството, а потоа за тема тесно поврзана со воздухопловство. Не постојат точни или погрешни одговори – покажете дека ги разбирате прашањата со нивно одговарање директно и целосно. Испитувачот ќе ви постави дополнителни прашања за да ве охрабри да зборувате повеќе за дел од работите кои сте ги споменале во вашите одговори.

  • Втор дел Интерактивно разбирање (8-12 минути)

Има 3 делови – 2А, 2Б и 2В. Во секој дел, ќе слушате серија од снимки на меѓународни говорители на англиски јазик. Снимките ќе бидат пуштени еднаш, освен ако не побарате повторување. Трет пат не може да ги слушнете снимките. Доколку имате потреба да ги слушнете повторно за да проверите нешто што сте пропуштиле или не сте го разбрале првиот пат, ве молиме побарате повторување. Имајте предвид дека редовното повторување ќе сугерира дека вашето Разбирање е побавно и ова може да влијае на вашиот резултат за Разбирање.

Во Дел 2A, ќе слушнете 6 снимки во кои пилот или контролор зборува во нерутинска воздухопловна ситуација. По секоја снимка, би требало да покажете дека целосно ја разбирате ситуацијата преку одговарање на 2 прашања: „која беше пораката?“, и „според вас, кој зборуваше, пилотот или контролорот?“. Ќе добиете Картичка со задачи за да ве потсети на овие 2 прашања. Испитувачот ќе ве праша да „известите што можете“. Треба да покажете дека сте ја разбрале ситуацијата преку известување со ваши зборови или со користење на зборовите од снимката. Сите информации во ситуацијата се важни. Ова вклучува и наведување за тоа што била пораката и кој зборувал (дали бил пилотот или контролорот). Доколку не ги дадете сите информации, тоа ќе влијае на вашиот резултат.

Во Дел 2Б, ќе слушнете 4 подолги снимки во кои пилот или контролор опишува проблем, кажува што му е потребно и дава дополнителни детали. Испитувачот ќе ви даде пенкало за да фаќате белешки на Картичката со задачи. Потребно е да известите за пораката колку што е можно поцелосно – колку повеќе детали дадете, толку подобро. Треба да го опишете проблемот, да кажете што му е потребно на говорителот и да дадете евентуални дополнителни детали, доколку можете. Доколку не ги дадете сите информации, тоа ќе влијае на вашиот резултат.

Во Дел 2В, ќе слушнете 3 кратки снимки во поопшти, нерутински ситуации. По секоја снимка, имате 20 секунди да му поставите прашања на говорителот за да дознаете повеќе за ситуацијата. Покажете дека ја разбирате ситуацијата преку поставување на колку што е можно повеќе релевантни прашања. Испитувачот, исто така, ќе ве праша дали имате совет да му дадете на говорителот: повторно, покажете дека ја разбирате ситуацијата со давање на релевантен совет.

  • Трет дел Опис на слики и дискусија (10 минути)

Опис на слики

Ќе ви бидат дадени 2 поврзани слики да ги опишете и споредите. Ќе ви биде покажана првата слика и ќе треба да ја опишете, ќе имате 30 секунди за да зборувате. Потоа ќе ви биде покажана втората слика и ќе ви бидат поставени прашања за неа. На крај, ќе ви постават прашања за двете слики.

Дискусија

Ќе учествувате во интерактивна дискусија за општи воздухопловни теми поврзани со сликите и за тоа како воздухопловството влијае на поширокиот свет. Испитувачот ќе ги дискутира овие теми со вас дозволувајќи ви да ја покажете вашата способност да дадете мислења, да шпекулирате за иднината и да ги оправдате вашите идеи.