Локализацијата е високоспецијализирана услуга, каде што одреден производ се преведува на еден или повеќе странски јазици, притоа, ставајќи посебен акцент на потребите на крајниот корисник на производот.
Ние ќе ги преведеме и приспособиме Вашата интернет страница, софтверот, документацијата и упатствата на сите јазици кои Ви се потребни. Се обрнува посебно внимание на аудиовизуелните аспекти од процесот на локализацијата, а најмногу се прилагодуваме на Вашите потреби.
ЛОКАЛИЗАЦИЈА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ И СОФТВЕР
Денес, интернет страниците се еден од најпривлечните начини за да се допре до клиентите. Ние им помагаме на клиентите да ги локализираат нивните интернет страници, корисничкиот интерфејс, разновидната документација и интернет апликациите.
Локализацијата на софтвер е еден од неколкуте типа превод што најчесто се бараат, во однос на точноста и прецизноста. Ние им помагаме на клиентите, и преземаме сè што е поврзано со локализацијата на софтвер.
Нашите тимови од технички преведувачи, графички инженери и експерти за локализација, работат заедно со цел да создадат ефективни решенија за локализација на интернет страници или на софтвер, кои се соодветни во културолошки поглед и лесно пристапни за целната група.
При локализацијата или преводот на интернет страници или софтвер, посебен акцент се става на: