Политика за квалитет

АД ВЕРБУМ е агенција за преведувачки и конференциски услуги која е целосно посветена со своето работење во областа на преведување, толкување, консултирање, организирање и планирање конференции, семинари, работилници и слични настани, едуцирање и обука, и од неодамна ангажирана во областа на издаваштвото.

Квалитетот на услугите што ги нудиме го достигнуваме преку воспоставен Систем за управување со квалитет.

За реализирање на својата основна цел АД ВЕРБУМ Скопје првенствено се фокусира на задоволството на Купувачите, а тоа го постигнува со следните цели:

  • Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласености од страна на сите вработени.
  • Професионален однос со купувачите, исполнување на барањата и реализирање во договорените рокови.

  • Благовремено и адекватно планирање на сите активности.

  • Обезбедување на здрава работна средина и обука за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење.

  • Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на купувачите преку примена на најдобра пракса во преведување и толкување.

  • Високо ниво на професионален однос со добавувачи и со други заинтересирани страни.

  • Воспоставен и постојано подобруван систем за управување со квалитет во согласност со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и негово преиспитување на ефикасноста и ефективноста.

  • Политиката за квалитет е основана за дефинирање и преиспитување на целите за квалитет согласно барањата на ИСО 9001:2008.

Политиката за квалитет е достапна на јавноста и претставува обврска за сите вработени.
Наше мото е:
НАШЕТО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО СЕ ВАША СИГУРНОСТ.

Датум

08.04.2013

Генерален директор

Енкеледа Стефановска