ТЕСТ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО (T.E.A.)

ТЕСТ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО (T.E.A.)

Одобрено тестирање за англиски јазик за воздухопловство.

Тестот за англиски јазик за воздухопловство е управуван и раководен од страна на Колеџот
„Мејфлауер“ и ги исполнува Барањата за познавање на англиски јазик според ICAO за цели на
лиценцирање е одобрен од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Обединетото
Кралство (сертификат овде) и многу други национални органи оценува способност за говорење и
слушање согласно скалата за рангирање на ICAO

ШТО Е ТЕА-ТЕСТОТ?

  • Тест за основен англиски јазик во контекст на воздухопловство за цели на лиценцирање не е тест за воздухопловна фразеологија
  •  Тест за способност за комуницирање на англиски јазик – не е тест за оперативно знаење
  •  Лице-в-лице, тест со човечка интеракција со 1 испитувач кој поставува прашања за детални
    одговори
  •  Тест од 25-30 минути кој се состои од 3 дела:

Подолу ќе ги разгледаме подетално секој од деловите.

ТЕА НЕ Е ТЕСТ ЗА ОПЕРАТИВНО ЗНАЕЊЕ

ТЕА испитувачите се запознаени со воздухопловство и понекогаш се пилоти или контролори.
Сепак, нема да се добијат дополнителни поени доколку се зборува за точни оперативни постапки.
Подеднакво, ништо не се губи доколку се знае одредена област од операциите.
ТЕА тестира основен англиски јазик, не фразеологија – стандардите за јазици според ICAO се
воведени за да се подобри комуникацијата кога фразеологијата е недоволна

Следните информации се дадени на кандидатите за секој дел:

Прв дел Вовед и интервју поврзано со искуство (7 – 8 минути)

Ќе ви бидат поставени низа прашања поврзани со вашата улога во воздухопловството, а потоа за тема тесно поврзана со воздухопловство.
Не постојат точни или погрешни одговори

– покажете дека ги разбирате прашањата со нивно одговарање директно и целосно.
Испитувачот ќе ви постави дополнителни прашања за да ве охрабри да зборувате повеќе за дел од работите кои сте ги споменале во вашите одговори.

Втор дел Интерактивно разбирање (8-12 минути)

Има 3 делови – 2А, 2Б и 2В. Во секој дел, ќе слушате серија од снимки на меѓународни говорители на англиски јазик.
Снимките ќе бидат пуштени еднаш, освен ако не побарате повторување.
Трет пат не може да ги слушнете снимките. Доколку имате потреба да ги слушнете повторно за да проверите нешто што сте пропуштиле или не сте го разбрале првиот пат, ве молиме побарате повторување.
Имајте предвид дека редовното повторување ќе сугерира дека вашето Разбирање е побавно и ова може да влијае на вашиот резултат за Разбирање.

Во Дел 2A, ќе слушнете 6 снимки во кои пилот или контролор зборува во нерутинска воздухопловна ситуација.

По секоја снимка, би требало да покажете дека целосно ја разбирате
ситуацијата преку одговарање на 2 прашања: „која беше пораката?“, и „според вас, кој зборуваше, пилотот или контролорот?“.
Ќе добиете Картичка со задачи за да ве потсети на
овие 2 прашања.
Испитувачот ќе ве праша да „известите што можете“. Треба да покажете дека сте ја разбрале ситуацијата преку известување со ваши зборови или со користење на зборовите од снимката.
Сите информации во ситуацијата се важни. Ова вклучува и наведување за тоа што била пораката и кој зборувал (дали бил пилотот или контролорот).

Доколку не ги дадете сите информации, тоа ќе влијае на вашиот резултат.

Во Дел 2Б, ќе слушнете 4 подолги снимки во кои пилот или контролор опишува проблем, кажува што му е потребно и дава дополнителни детали.
Испитувачот ќе ви даде пенкало за да фаќате белешки на Картичката со задачи. Потребно е да известите за пораката колку што е можно поцелосно – колку повеќе детали дадете, толку подобро.
Треба да го опишете проблемот, да кажете што му е потребно на говорителот и да дадете евентуални дополнителни детали, доколку можете.
Доколку не ги дадете сите информации, тоа ќе влијае на вашиот резултат.

Во Дел 2В, ќе слушнете 3 кратки снимки во поопшти, нерутински ситуации. По секоја снимка, имате 20 секунди да му поставите прашања на говорителот за да дознаете повеќе за ситуацијата.
Покажете дека ја разбирате ситуацијата преку поставување на колку што е можно повеќе релевантни прашања.
Испитувачот, исто така, ќе ве праша дали имате совет да му
дадете на говорителот: повторно, покажете дека ја разбирате ситуацијата со давање на релевантен совет.

Трет дел Опис на слики и дискусија (10 минути)

Опис на слики

Ќе ви бидат дадени 2 поврзани слики да ги опишете и споредите. Ќе ви биде покажана првата слика и ќе треба да ја опишете, ќе имате 30 секунди за да зборувате.
Потоа ќе ви биде покажана втората слика и ќе ви бидат поставени прашања за неа.
На крај, ќе ви постават прашања за двете слики.

Дискусија

Ќе учествувате во интерактивна дискусија за општи воздухопловни теми поврзани со сликите и за тоа како воздухопловството влијае на поширокиот свет.
Испитувачот ќе ги дискутира овие теми со вас дозволувајќи ви да ја покажете вашата способност да дадете мислења, да шпекулирате за иднината и да ги оправдате вашите идеи.

Build your first Content Marketing Strategy

Што се случува на денот на тестирањето?

Yoga takes you into the present moment. The only place where life exists.

Треба да пристигнете во ТЕА-центарот најмалку триесет минути пред вашиот тест за да може Администраторот да ги провери вашите податоци и да ве фотографира (фотографијата ќе биде на
вашиот сертификат).

Не е потребно да донесете фотографија. Со вас треба да понесете пасош или национална лична карта со кои сте се регистрирале – нема да ви биде дозволено да полагате без тој документ.

Не е потребно ништо друго да носите со вас. Уреди со опција за снимање мора да бидат оставени надвор од просторијата за тестирање.

Тестот ќе биде снимен за цели на безбедност и квалитет. Доколку не сте задоволни за кој било аспект од постапките за денот на тестирање, морате да се обратите до Администраторот на денот на тестирање.

Резултатите од
вашето тестирање нема да бидат достапни на денот на тестирање, ве молиме не прашувајте.
Испитувачот нема да ви даде никаква индикација за тоа како сте поминале на тестот.

Вашите прашања може да ги испратите на tea-test@adverbum.com.mk