За нас

Ад Вербум е основанa во 2005-тата година од страна на двајца партнери кои споделуваат заеднички интерес за разни јазици и култури, како и желба да им помогнат на луѓето за подобра комуникација, без разлика кој е нивниот мајчин јазик. Денес, „Ад Вербум“ е специјализирана агенција за организирање настани, со бројни, успешни, планирани и организирани конференции, семинари и работилници во своето портфолио.

Со цел да обезбеди комплетна услуга, Ад Вербум, исто така, нуди и широк спектар на посебни јазични услуги, вклучувајќи превод и толкување, кои се овозможени од страна на нашиот концизен тим од професионални и способни лингвисти, како и одделот за едукација и обука, и издаваштво.

Тимот на Ад Вербум е насочен кон комплетно разбирање и целосно исполнување на потребите на своите клиенти, ставајќи посебен акцент на ефикасноста, ефективноста, флексибилноста и квалитетот на целокупната побарана услуга од страна на клиентот.

Со нашите докажани достигнувања и препознатливост по точност, флексибилност и доверливост, имаме изградено докажана репутација меѓу нашите клиенти, и во јавниот и во приватниот сектор.

Нашата мисија е да продолжиме да обезбедуваме висококвалитетни, професионални и рентабилни услуги, за кои сите наши клиенти можат да добијат гаранција. Заедно со нашата цел да обезбедиме висококвалитетни, лингвистички услуги за нашите клиенти, имплементираниот стандард ISO 9001:2008 го рефлектира нашето прецизно внимание на деталите, професионалниот став кон задоволувањето на клиентите ипостојаните напори да ги подобриме нашите стандарди да одговараат на очекувањата на клиентите.

Контактирајте нè уште денес за повеќе информации за услугите што ги нудиме, или кажете ни ги Вашите потреби за вашиот проект, и ние со задоволство ќе Ви доставиме понуда.