Организација на настани

Организацијата на настани вклучува проучување на деталите за поводот и причината за настанот, идентификувајќи го целниот аудиториум, осмислување концепт за настанот, планирање логистика и координирање на техничките аспекти пред извршување на севкупниот процес на предложениот настан.

Events illustration Без разлика дали организирате конференција или друг бизнис настан, „Ад Вербум“ може да Ви понуди еден плодоносен настан со сигурност.

Со нашето долгогодишно искуство во организација на конференции и настани, ќе Ви помогнеме да создадете, дизајнирате, развиете и да управувате со цел или дел од Вашиот настан - без разлика дали е мала обука, работилница или конференција со 100 учесници. Притоа, нивото на нашата вклученост зависи од Вас!

Некои клиенти ни доставуваат краток опис и оставаат се на нас, со редовни извештаи за текот на работите. Други клиенти имаат фиксно одредени идеи за тоа што го сакаат.

Како и да е, секогаш настојуваме на блиска соработка со секој клиент, притоа нудејќи го најдоброто решение за планираниот настан.

Без разлика на големината на настанот, секогаш ги следиме основните чекори со цел да обезбедиме висококвалитетни услуги кои ќе ги задоволат потребите на клиентите:

  • назначување на одговорни лица (формирање на тим од искусни и добро обучени вработени за организација на настанот);
  • наоѓање на место – можеме да Ви помогнеме во изборот на вистинското место за Вашиот настан; 
  • превоз (превоз на сите учесници од/до аеродром, хотел, место на настан);
  • сместување (резервации на хотелски услуги);
  • техничка опрема (осветлување, озвучување, поставување сцени, аудио-визуелна опрема, опрема за толкување);
  • превод и толкување (писмен превод, консекутивно и симултано толкување со повеќејазични комбинации);
  • експерти (модератори, експерти поврзани со темата на настанот, гости-предавачи);
  • промотивни материјали и печатење (дизајн и печатење на покани, беџови, летоци, банери, чанти, материјали за пишување со лого на клиентот, итн.);
  • кетеринг, паузи за кафе и ручек, вечери, вклучувајќи и организација на посети на знаменитости или позната туристичка локација;

Услугите за организација на настани може да го вклучуваат буквално секој детал од настанот согласно Вашите спецификации и буџет.

Ад Вербум може да го направи Вашиот настан помалку стресен и поуспешен.

Контактирајте нè уште денес и побарајте понуда или закажете средба со нашиот организатор на настани.