Логистичка и техничка поддршка

Обезбедуваме техничка и логистичка поддршка за настани, особено за поединечни услуги што резултира со успешно и пријатно искуство без стрес.

Logistics illustration Од мали новинарски конференции до обуки и целодневни деловни конференции. Флексибилноста и познавањето на местото ни овозможуваат на секој клиент да му понудиме решение по мерка според неговите технички и буџетски потреби.

Како резултат на нашето искуство со организирање настани и давање техничка поддршка, денес можеме да понудиме целосна техничка поддршка на терен за корпоративни настани. Повеќето настани кои бројат над 20 лица бараат конференциска техничка поддршка којашто вклучува систем за озвучување, статични и безжични микрофони, слушалки, кабини, осветлување, видео прожектори и др. За поголемите настани можно е да биде потребно поставување сцена, како и аудио и видео снимање.

Без оглед на тоа дали Ви треба озвучување, осветлување, видео снимање, прожектор за слајдови или, пак, еден целосен пакет, Ад Вербум ќе Ви го понуди најдоброто решение за Вашите потреби и желби. За голем број клиенти имаме обезбедено логистика за настани и знаеме дека за секој настан е важно да се гарантира дека сè е подготвено и навремено.

Нашата логистичка поддршка вклучува:

  • специјализиран превоз
  • поддршка при патување
  • пречекување на аеродром
  • сместување и изнајмување автомобил
  • и сè друго согласно Вашите потреби

Контактирајте нè уште денес за да дознаете повеќе за она што го нудиме или да побарате понуда.