Издаваштво

Од неодамна, Ад Вербум ги прошири своите деловни активности и во областа на издаваштвото. Како релативно нова компанија во издаваштвото, Ад Вербум вложува напори да биде успешна и во тоа поле, како и во другите области. Со голем ентузијазам и одговорност во исто време, тимот одговорен за издаваштво, стремејќи се кон повисоки цели, за помалку од една година го даде првиот значаен резултат од над 20 издадени книги.

Соработката со светски познатите издавачки куќи продолжува, а исто така, наскоро Ад Вербум ќе се посвети и на домашните автори и литература.

Дел од изданијата можете да ги погледнете подолу.

Лесен начин да ставите крај на пушењето

Ален Кар им помогна на милиони луѓе да станат среќни непушачи. Неговиот уникатен метод ја отстранува психолошката зависност од цигари и во буквална смисла ве ослободува.

Компјутерски системи

Книга за програмери кои сакаат да пишуваат побрзи и посигурни програми. Наменета како помош на читателите кои подготвуваат понатамошни студии во компјутерската архитектура, оперативните системи, програмските преведувачи и вмрежувањето.

Вовед во биоинформатика

Оваа книга прави внимателен баланс помеѓу биологијата и компјутерската наука, воведувајќи ги оние аспекти од компјутерската наука што ја поткрепуваат темата без притоа да наложуваат некое претходно големо познавање. Одличен воведен прирачник за биоинформатика, со голем број на примери и проблеми поврзани со секое поглавје.

Развој на информациски системи – 3 изд

Развој на информациски системи е најдобриот текст што може да се купи во оваа област, кој што предавачите и студентите низ целиот свет го сметаат за сеопфатен и авторитативен водич за прашањата поврзани со развојот на информациските системи.

Вовед во роботика – 3 изд.

Книга од суштинско значење за инженерите кои развиваат роботски системи, како и за сите кои се занимаваат со механика, контрола или програмирање на роботски системи.

Научете Perl – 3 изд.

Ако денеска ги прашате програмерите на која книга најмногу се потпирале додека го учеле Perl, повеќето ќе ви кажат дека тоа било книгата Научете Perl, позната како книгата со лама. Ова издание вклучува проширен вовед во регуларните изрази, како и нови вежби и одговори дизајнирани за читателите кои ќе можат истите да ги користат.

ML за искусни програмери – 2 изд.

Второто издание на Полсон претставува подобро прегледано и коригирано издание на веќе одличната книга и може да им се препорача на искусните програмери коишто имаат желба да го научат ML јазикот.

Хемија на експлозиви – 2 изд.

Хемија на експлозивите дава преглед на историјата на експлозивите, водејќи го читателот кон идните настани. Оваа концизна, читлива книга, е совршена за студентите без претходни познавања на експлозивните материјали.

Дизајнирање на вградени системи

Главна цел на оваа книга е даде краток преглед на дизајнирањето на вградени системи. Треба да помогне во поттикнување на студентите и професорите да стават посилен акцент на проучување на вградените системи.

Компјутерска сигурност

„Ова е многу вредна книга, наменета за компјутерско образовани луѓе кои не се гуруа, но сепак имаат оправдани прашања и потреби. Секако дека ќе биде добредојдена во библиотеката на секој информатичар и дизајнер на софтвер... Мислам дека имаме победник и со задоволство го препорачувам нејзиното објавување." Професор Џ. Себери, Универзитет во Волонгонг, Австралија

Прирачник за контрола на хигиената во прехранбената индустрија

Оваа книга обезбедува сеопфатно резиме за клучните трендови и прашања во рамките на истражувањата на прехранбената хигиена. Истата претставува стандардна референца за прехранбената индустрија во насока на осигурување на највисоките стандарди за хигиена во прехранбеното производство.

Анализа и производство на вино

Меѓународна по обем, книгата „Анализа и производство на вино“ е од суштинско значење за производителите на вино и лабораторискиот персонал насекаде во светот. Студентите по енологија ќе откријат дека оваа книга дава неспоредливо проучување на анализата и производството на вино.