Политика за приватност

Какви информации собираме?
Собираме информации од Вас кога поднесувате барање, се пријавувате за билтен или пополнувате формулар. Кога ќе ги пополнувате формуларите на нашата интернет страница, може да Ви биде побарано, соодветно, да ги внесете: името, адресата на е-пошта или телефонскиот број.

За што ги користиме Вашите информации?
Сите информации што ги земаме од Вас може да се искористат на еден од следниве начини:

I. за подобрување на услугите за клиентите – Вашите информации ни помагаат поделотворно да одговориме на барањата и потребите на клиентите;
II.за испраќање повремени електронски пораки – адресата на е-пошта којашто ја обезбедувате за билтенот ќе ја користиме само за да Ви испратиме информации и ажурирани податоци за нашите услуги;
III.за регистрирање во базата со податоци – при пополнување на формуларите во делот за кариера.

Како ги штитиме Вашите информации?
Кога пополнувате формулар, спроведуваме низа сигурносни мерки за одржување на безбедноста на Вашите лични информации.

Дали обелоденуваме информации на надворешни лица?
Не ги продаваме, не тргуваме со и не ги пренесуваме Вашите лични информации за идентификација на надворешни лица. Ова не ги вклучува третите лица од доверба коишто ни помагаат во работата со интернет страница, или, пак, Ве опслужуваат, сè додека тие се согласни да ги чуваат информациите во доверливост. Можеме да ги објавиме Вашите информации кога сметаме дека е соодветно да се објават во согласност со законот, за да се спроведат нашите политики или да се заштитат туѓи или наши права, имот или безбедност.

Ваша согласност
Со користење на нашата интернет страница се согласувате со политиката на приватност.

Измени во нашата политика на приватност
Доколку решиме да ја измениме политиката на приватност, ќе ги објавиме промените на оваа страница и/или ќе го ажурираме датумот на промената на политиката на приватност даден подолу.