Оглас за преведувач - англиски јазик

Објавено на 17 Mar, 2017 од Администратор

Ад Вербум има потреба од дипломиран филолог/преведувач по англиски јазик. Квалификации:
  • ВСС (дипломиран филолог/преведувач) - англиски јазик
  • работно искуство во областа на преведување од мин. 3 години
  • активно познавање на втор странски јазик ќе се смета за предност
  • поседување решение за судски преведувач ќе се смета за предност
Сите заинтересирани кандидати да достават своја кратка биографија на адресата kontakt@adverbum.com.mk. Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. * Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг од селекцијата, ќе бидат контактирани. Огласот трае до 31.03.2017 г.