Извадок од „Лесен начин да ставите крај на пушењето“ - Ален Кар

Објавено на 30 May, 2012 од Администратор

Alen kar kniga protiv pusenjeto Само замислете си да имаше магичен метод за откажување од пушење со кој секој пушач, вклучувајќи Ве и Вас, би прекинале:

  • Веднаш
  • Засекогаш
  • Без употреба на јака волја
  • Без да патите од симптоми од откажувањето
  • Без да се здебелите
  • Без шок терапии, таблети, лепенки или други трикови

Понатаму да замислиме дека:

  • Нема почетен период на чувство на лишеност или мизерност
  • Веднаш повеќе уживате во општествените настани
  • Имате поголема доверба и подобро сте опремени за справување со стресот
  • Можете подобро да се сконцентрирате
  • Останатиот дел од животот не го поминувате одолевајќи на повременото искушение да запалите цигара и
  • Не само што ви е лесно да се откажете, туку можете да уживате во процесот од моментот кога ќе ја изгаснете последната цигара

Кога би имало таков магичен метод, би се откажале ли?

Шансите се големи дека би се откажале. Но секако не верувате во магија. Ниту јас. Сепак методот што го опишав погоре постои. Јас го нарекувам ЛЕСЕН НАЧИН. Всушност не станува збор за никаква магија, само така изгледа. Секако дека и мене ми изгледаше така кога прв пат го открив и знам дека голем дел од милионите поранешни пушачи коишто успешно се откажале со помош на ЛЕСНИОТ НАЧИН, го гледаат во исто светло.

Не се сомневам дека тешко ќе поверувате во моите тврдења. Не грижете се, до одредена мера би ве сметал за наивни ако едноставно ги прифатевте без никаков доказ. Од друга страна, пак, не правете грешка и не отфрлајте ги поради тоа што сметате дека се преувеличени.