МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ

Како да станете експерт за стратешко планирање

Исцртај детална мапа за насоката во која ќе се движи твојата организација во наредните неколку години (и како ќе стигне таму) со користење на стратешка анализа, стратешко поставување на насока и акционо планирање. Дестинација? Успех!

Целта без план е само желба.

МЕНАЏМЕНТ НА ПРОЕКТИ

Како да ги водиш своите проекти во вистинската насока

Обидот да спроведете еден проект без соодветен менаџмент е исто како да играте фудбалски натпревар без план за игра. Научете како ефикасно да се справите со четирите основни елементи на проектот: ресурси (луѓе, опрема, материјал); време (времетраење на задачи, зависности, критична патека); пари (буџет, трошоци, профит) и обем (големина на проект, цели, барања).

Не им дозволувајте на проектите да Ви избегаат од раце.

МЕНАЏМЕНТ НА СТРЕС

Како да го направиш стресот дел од минатото

Научи ефективно да ги менаџираш своите нивоа на стрес преку дузина забавни техники/вежби и пронајди го балансот во твојот личен живот, во твојата кариера и помеѓу твојот личен живот и твојата кариера.

Звучи како сон, но овој барем можеш да го контролираш.

ЛИДЕРСКИ ВЕШТИНИ

Како да бидеш вистински лидер

Научи ги сите основни и/или напредни механизми на: ефективна комуникација, ефективно планирање, мотивација на вработени, проценка на вработени, советување, водење со пример, претставување на група, делење на водство; разбери ги потребите и карактеристиките на групата и групните ресурси, научи како да ја контролираш групата, како истовремено да бидеш водач и следбеник, и многу други.

Кој вели дека харизмата не може да се научи?

TEAMBUILDING

Како да го изградите тимот од соништата

Тимската работа е основа за успех на секој бизнис. За да ги остварите своите замисли, потребно е да изградите тим кој ќе функционира беспрекорно, кој ќе има потенцијал да победува и да ги извршува своите задачи во предвидениот рок. Без разлика дали сте на раководна позиција, вработен или индивидуалец кој сака лично да напредува, оваа обука ќе Ве научи како да изградите и како да бидете дел од високо успешен тим кој е хармоничен, усогласен и единствен.

Тимска работа = Помалку “јас”, повеќе “ние”.

ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ

Како да бидеш експерт за човекови ресурси

Научи сè за мистичниот свет на човековите ресурси и/или прошири ги своите знаења од областите на: менаџмент на човекови ресурси; правни, финансиски и административни аспекти на човековите ресурси; регрутација и селекција; задржување на вработени; плати и наградување на вработени; мотивација и задоволство на вработени; мерење на учинок; анализа на потребите за тренинг; стратешки HR сервиси; организациска култура; здравје и безбедност на работно место; социјална и општествена одговорност; итн.

Биди ѕвездата на сите идни журки со HR тематика.
Плус, навистина ќе ѝ биде од корист на твојата компанија.

ПРЕТПРИЕМАЧКИ ВЕШТИНИ

Како да ти цвета бизнисот

Пронајди ги твоите силни и слаби страни и нурни се во светот на поставување цели, планирање и организирање, носење одлуки, менаџирање буџети и финансии, менаџирање на време итн. и максимизирај ги твоите можности.

Твојот бизнис ќе биде спремен за следното ниво додека да трепнеш.